На продолжението на 38мата седница на Советот на Општина Карпош, беше изгласан предлог буџетот за 2024 година, а за негово усвојување гласаа сите советнички групи, освен онаа на ДПМНЕ, велат од Левица.
„Советниците на Левица гласаа во заштита на интересите на карпошани и доследно на партиската идеологија ги дадоа следните предлози, кои беа прифатени како дел од буџетот за 2024 година: Намален е буџетот за прославата на годишнината од формирање на Општина Карпош за 1 милион денари. Субвенциите за возачки дозволи добиваат социјален карактер и со нив ќе бидат опфатени повеќе млади лица! Со програмата за урбанистичко планирање, по предлог на Левица, сега Советот ќе биде дополнителен ФИЛТЕР пред изготвувањето и носењето на ДУП-ови во општината! Воведување на нов правилник за распределба на награди и стипендии во спортот“, велат од Левица и додаваат:
„ И обезбедување на психолошка поддршка на лица жртви на семејно насилство“.