Во локали во Тетово и Охрид затекнати 99 девојки од Украина, Русија, Колумбија, полицијата нашла и дрога и оружје

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата вчера изврши претреси во три угостителски објекти, од кои два на подрачјето на СВР Тетово и еден на подрачјето на Охрид, пришто затекна 99 женски лица кои престојувале спротивно на целта, дрога и пиштол.



При спроведените полициски и истражни дејствија во трите угостителски објекти биле најдени вкупно 99 женски лица со потекло од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Косово, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија, Казахстан и Р.Северна Македонија, кои престојувале спротивно на целта, а пронајдена е една ќеса со прашкаста материја и еден пиштол „Гамо“ калибар 4,5 мм.

Во угостителскиот објект сопственост на И.И.(26), биле затекнати 50 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија и Косово, како и ќеса со дрога, а исто така биле легитимирани 80 гости. Во угостителскиот објект, сопственост на А.Џ.(26), беа затекнати 36 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија и Северна Македонија, а пронајден е и пиштол, додека легитимирани биле 95 гости во објектот. При претресот извршен во угостителскиот објект во Охрид, сопственост на Х.А.(34), биле затекнати 13 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Казахстан и Северна Македонија, а затекнати и легитимирани биле 47 гости во објектот.

Во однос на затекнатите женски лица кои престојувале спротивно на целта ќе се отпочне со прекршочна постапка пред надлежен суд, а против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK