(Видео) Не го допре противникот, ВАР сепак му „даде“ црвен картон на Калверт-Луин

Видео-Не-го-допре-противникот-ВАР-сепак-му-„даде-црвен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кристал Палас и Евертон одиграа 0:0 на „Селхурст Парк“, во рамките на ФА Купот. Средбата ја одбележа скандалозната одлука на англискиот судија Крис Кавано.


Напаѓачот на Евертон, Доминик Калверт-Луин, со лизгачки старт освои една топка и покрај тоа што стартуваше со отворен ѓон, но не го допре противничкиот дефанзивец Натаниел Клајн.

Сепак во ток момент за вкклучи ВАР и повремениот англиски репрезентативец доби црвен картон во 79. минута.

Ветеранот на Евертон, Шејмус Колман, по натпреварот, беше огорчен од шокантната одлука на судијата Кавано.

„Внимателно погледнет ја забавената снимка. Колку повеќе пати ја гледата толку че ви изгледа полоша. Од моја гледна точка, ова е одличен лизгачки старт. Стартот не е за црвен картон“, изјави видно разочараниот Ирец.

На социјалните мрежи бројни фудбалски фанови ја нарекоа одлуката срамна, а свое мислење даде и поранешниот играч на Тотенхем Џејми О’Хара кој исклучувањето го нарече „апсолутна шега“ и додаде дека „фудбалската игра е уништена од ВАР-от“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK