Ученици од основни училишта во Скопје, Штип, Тетово и Битола ќе научат како да рециклираат пластичен отпад и да произведат 3Д печатени производи

Активност Тетово 2
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

26.12.2023, Скопје – Ино Фаб Лаб, првото студио за прототипирање лоцирано на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје започна со реализацијата на проектот “Дигитален пластичен отпад“ преку кој ученици и наставници од четири основни училишта во Скопје, Штип, Тетово и Битола ќе стекнат практични знаења и вештини за современите 3Д технологии, како што се 3Д печатење, 3Д скенирање и креирање g-кодови. За време на проектот учениците ќе собираат пластични шишиња и ќе научат како со помош на технологијата за шредирање и екструзија може да се произведе филамент за 3Д печатење.

“Со првите две предавања во основните училишта „Димитар Влахов“ во Штип и “Гоце Делчев“ во Тетово го започнуваме проектот “Дигитален пластичен отпад“ кој веруваме дека ќе им даде практични вештини и знаења



Отворено е пријавувањето за бесплатно учество на Академијата за  жени претприемачки (AWE) во Република Северна Македонија. Наменета за студентки од завршните години на факултетите од ИТ и СТЕМ областите, како и за жени-сопственички или менаџерки во областа на агробизнис и производство на храна, Академијата нуди платформа за поттикнување на претприемништвото и иновациите кај жените, овозможувајќи им да навлезат и напредуваат во бизнис води во кои традиционално доминираат мажите. Токму затоа годинава Академијата се фокусира на девојките и жените од гореспоменатите области.

Примарната цел на aкадемијата е да се  обезбеди знаење,  вмрежување,  пoтребно за да основа сопствен бизнис и да се развие постечкиот.

Станува збор за онлајн-програма за обука, во чиј центар е платформата DreamBuilder, која е развиена во партнерство помеѓу Thunderbird – школата за глобален менаџмент на Државниот универзитет во Аризона и американската фондација Freeport-McMoRan. Програмата опфаќа основи на пишување бизнис план, продажба и маркетинг, обезбедување на финансирање, управување со ресурси и друго при што секоја учесничка креира и персонализиран бизнис план, употребувајќи корисни алатки и шаблони, кои им се на располагање и по завршување на Академијата. По завршување на програмата секој учесник ќе има свој бизнис план, спремен за имплементација.

Академијата за жени претприемачки (AWE) е формирана во 2019 година од страна на Бирото за образовни и културни работи на Американската Влaда и се спроведува во преку 80 држави низ светот, помагајќи на повеќе од 15.000 жени претприемачки да основаат сопствен бизнис или да го прошират и зголемат својот веќе постоечки бизнис. (https://eca.state.gov/awe)

Академијата e поддржана од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, a имплементирана од страна на Mакедонско-Американска Aлумни Aсоцијација.

 

Донесете ја својата бизнис идеја и аплицирајте денес,  (04.09.2023). Повикот ќе треа до 22 септември.  Академијата ќе започне на 4 октомври и ќе трае до средината на декември oваа година..

Повеќе детали на – https://maaa.mk/2023/08/22/naskoro-zapochnuva-akademija-za-zheni-pretpriemachki

Сите заинтересирани кандидатки може да се пријават на следниот ЛИНК – https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeUdXuKPkPojZTTCLRD-lLVHy-HpK14mTPte5eYo1u4llKDPw/viewform

Контакт  – [email protected], 070 401 164

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK