Возбудливи нови серии и филмови пристигнуваат на SkyShowtime во 2024

Pablo Schrieber as Master Chief in Halo  episode 1, season 2, streaming on Paramount+, 2024.  Photo Credit: Adrienn Szabo/Paramount+
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

SkyShowtime се подготвува за маестрален почеток на новата година со истакнување на десет нови, возбудливи наслови кои ќе се појават на платформата во текот на 2024 година. Со листа од еден куп свежи и оригинални серии, регионални и ексклузивни наслови, SkyShowtime покажува дека е подготвен и оваа година да го задржи вашето внимание пред екраните и да ви понуди бескрајни часови врвна забава.

 


Apples Never Fall

Листата на нови содржини ја предводи ексклузивната серија „Apples Never Fall“ која е базирана на истоимената книга од Лиен Моријарти и ја раскажува приказната за навидум совршеното семејство Дилејни. Поранешните тениски тренери Стен (Сем Нил) и Џој (Анет Бенинг) ја продаваат нивната успешна тениска академија за да се посветат на „златните години од животот“ и на нивните четири возрасни деца. Кога на вратата се појавува ранета жена, која им ја носи толку посакуваната возбуда во животот, работите нагло се менуваат и членовите на семејството дознаваат работи едни за други кои никогаш не би ни помислиле да ги прашаат. Мистеријата „Apples Never Fall“ пристигнува на SkyShowtime во март 2024 година.

 

HALO Season 2

Долго очекуваната втора сезона на HALO доаѓа на SkyShowtime во февруари 2024. Првите две епизоди ќе бидат достапни на 9 февруари, а останатите епизоди ќе се прикажуваат секоја наредна недела. Во втората сезона, Master Chief John-117 го предводи неговиот тим од елитни Спартанци против вонземјанската закана позната како Covenant. Со целиот универзум на работ на уништување, Џон тргнува во потрага по клучот за човековиот спас, или за човековиот крај – HALO.

 

Knuckles

„Knuckles“ е првата ТВ серија во проширениот „кинематографски свет на Sonic the Hedgehog“. Новата играна акциона серија го следи Knuckles на возбудлива и урнебесна авантура на себепронаоѓање, откако тој се согласува дека ќе го тренира Wade како негов протеже и ќе му ги покаже патиштата на Ехидна воините.

 

Mary & George

Уште една нова серија која ќе се појави на малите екрани е опасно храбрата историска психолошка драма „Mary & George“, која ја раскажува приказната за мајка и син кои правеле шеми, заведувале и убивале за да го освојат Судот на Англија и креветот на Крал Џејмс I. Во главната улога се појавува Џулиен Мур (Still Alice, From Heaven), заедно со Николас Галицине (Cinderella, Purple Hearts) и Тони Куран (Mayflies, Your Honour). Серијата е базирана на вистинската приказна за Мери Вилиерс, која го израснала нејзиниот убав и харизматичен син Џорџ, да го заведе Крал Џејмс I и да стане негов моќен љубовник.

 

Mission Impossible – Dead Reckoning Part One

АГЕНТОТ ИТАН ХАНТ Е ПОВТОРНО ТУКА! Враќајки се во неговата најпрепознатлива улога, Том Круз уште еднаш покажува дека е вистинска ѕвезда на акционите филмови во новиот „Mission Impossible – Dead Reckoning Part One“. Агентот Хант и неговиот тим тргнуваат во најопасната мисија досега: да го пронајдат ултрамоќното ново оружје кое се заканува дека ќе го уништи човештвото, пред тоа да падне во погрешни раце.

 

TED

Ексклузивната серија, чија премиера е веќе најавена за 22 февруари, претставува претходник на популарниот бокс офис хит „Ted“ на наградуваниот Сет Мекфарлејн. Се враќаме назад во 1993 година, кога мечето Тед живее со неговиот најдобар пријател, 16-годишниот Џон Бенет (Макс Буркхолдер) во куќата на неговите родители. Нивните секојдневни авантури им го тестираат пријателството, кое полека зацврстува во секоја наредна епизода.

 

The Curse

Критичарите ја пофалија оригиналната серија на SkyShowtime наречена „The Curse“, целосно креирана, напишана и продуцирана од Бени Сафди и Нејтан Филдер. Покрај нив двајца, во главнните улоги се појавува уште и Ема Стоун (Birdman, La La Land), а серијата го прикажува животот на нововенчан пар кој се обидува да го наметне својот еко-одговорен начин на живот во малата заедница Еспањола во Њу Мексико.

 

The Tattooist of Auschwitz

Оригиналната серија на SkyShowtime „The Tattooist of Auschwitz“ ќе биде достапна за стримување во текот на 2024 во повеќето маркети каде што е активна стриминг платформата. Базирана на истоимениот бестселер на Хетер Морис, во главните улоги се појавуваат Џона Хауер-Кинг (The Little Mermaid) и Ана Прохниак (Baptise), како и номинираниот за Оскар, Харви Кајтел (Pulp Fiction, The Irishman) во улогата на постариот Лејл.

Овие возбудливи нови наслови се само дел од богатата понуда на SkyShowtime која ќе биде достапна од почетокот на 2024 година, а следува по многу успешната 2023 година во која на стриминг платформата се појавија наслови како „Babylon“, „Fellow Travelers“, „Frasier“, „Poker Face“, „Special Ops: Lioness“, оригиналната серија „Yellowjackets“ и многу други.

Побрзајте и регистрирајте го вашиот профил на https://www.skyshowtime.com/mk и уживајте во часовите на врвна забава од некои од најдобрите студија во светот!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK