Во текот на вчерашниот ден, во 14 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата Александар Македонски во Прилеп, мотоцикл „хонда“, со велешки регистарски ознаки, управуван од А. К. (38) од Прилеп, удрил во пешакот З. С. (45) од Прилеп.
Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп. Увид на местото извршила екипа на ОВР Прилеп.