„Ние тука протестираме и ќе протестираме пред министерството за финансии а дали ке има штрајк или ќе нема ќе одлучат колегите. Ниту еден министер за финансии, премиер ниту пак претседател на Уставен суд не може да се меша во внатрешни работи на синдикатот. Ова го посочи Трпе Деаноски претседател на синдикатот на УПОЗ и преку протест пред Уставен суд изразува револт за времената мерка со која се им се стопира исплатата на зголемувањето на платите за 30 отсто.
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски изјави дека бараат средба со претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска за да им каже кога „Уставниот суд ќе ја донесе конечната одлука и дали се планира како што се зборува да ја поништи одредбата од Законот и вработените кои протестираат да ги враќаат парите.
„Дијалогот не треба да се води преку медиумите. Доколку министерот за финансии, премиерот и претседателката на уставниот суд не најдат за сходно да седнат да разговараат со нас за решавање на проблемот, не знам со кого ќе го решат проблемот. Потребна е само мала добра волја како што се донесе закон за права на буџети, нашите плати се под просечната плата, посочи Деаноски и додава:
„Овие пари што нас ни ги скратија се во буџетот, зошто да не ни ги дадат, кога ќе земеме плата, плаќаме сметки, плаќаме кредити и преживуваме. Со кои плати ние да живееме, друга институција ни ги крати нашите плати“, додава тој.
Деаноски прашува и дали ќе треба да ги враќаат парите назад, но главното прашањето кое тој го поставува е дали овие луѓе имаат пари да ги враќаат година дена наназад.
„Претседателката на Уставниот суд за да ни објасни како тоа во најбрз можен рок се зема во работа иницијативата поведена од граѓанинот против членот 63 став 3 од Законот за буџети со која што се донесе времена мерка и за која што на вработените во Министерството за финансии и сите органи во состав на Министерство за финансии нема веќе да им се исплаќа додатокот, односно надополнувањето на плата за 30 проценти, вели Трпеновски.
Вработени во Министерството за финансии, Управата за имотно-правни работи и Бирото за јавни набавки – членови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ), протестираат пред Уставниот суд за времената мерка со која се им се стопира исплатата на зголемувањето на платите за 30 отсто.