(Видео) Нов протест во Белград, се бара ослободување на уапсените демонстранти

Видео-Нов-протест-во-Белград-се-бара-ослободување-на-уапсените.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Белград започна нов, деветти по ред протест на опозициските партии и активисти поради нерегуларности на изборите одржани на 17 декември. Демонстрантите се собраа пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК) во Белград, а вечерва за првпат протест се одржува и во Краљево.


Коалицијата „Србија против насилството“ бара поништување на изборите, а организаторите истакнаа дека главното барање на денешниот протест е ослободување на демонстрантите кои беа уапсени претходните денови, од кои повеќето се студенти.

Зад протестот во Краљево стојат опозициските партии кои го поминаа цензусот: Здружението на староседелците, Локалниот фронт, Србија против насилството и коалицијата НАДА.

Изборните нерегуларности и нереагирањето на институциите на тврдењата на опозицијата беа причина потпретседателката на Партијата на слободата и правдата, Мариника Тепиќ, да започне штрајк со глад. Таа не јаде веќе деветти ден, а ја следеа и неколку пратеници од опозицијата кои бараат поништување на изборите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK