Три лица се избодени со нож на божиќниот пазар во Дортмунд, се скарале за песна

Три-лица-се-избодени-со-нож-на-божиќниот-пазар-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера на Божиќен саем во Дортмунд изби тепачка со ножеви откако две групи луѓе се расправале за божиќна песна. Според германски Билд, станува збор за песната Oh Du Fröhliche, но другите детали од конфликтот засега не се познати.



„Полицијата проверила неколку лица, но никој не е уапсен. Полицијата го одзела оружјето употребено во нападот, на повредените им била укажана итна помош, а двајца се пренесени во болница“, извести локалната полиција.

Како што пишува Билд, повредите не биле опасни по живот, а еден од двајцата мажи е задржан во текот на ноќта во болница на набљудување.

Неколку загрижени роднини се упатиле кон болницата, но полицијата брзо успеала да ја смири ситуацијата.

„Се уште не е сосема јасно зошто ескалирал спорот“, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека се претпоставува дека се работи за баналност што предизвикала кавга меѓу семејствата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK