Финансиска полиција втор ден го тресе Град Скопје за украсувањето, Арсовска молчи

Финансиска-полиција-втор-ден-го-тресе-Град-Скопје-за-украсувањето.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Втор ден инспекторите од Управата за финансиска полиција ја собираат документацијата за новогодишното украсување на Скопје од 30 илјади евра. Директорот на Управата, Горан Иванов, во куса изјава за „Макфакс“ вели дека увидот се уште не е завршен.


„Се уште сме во процес на обезбедување на документацијата“, изјави директорот Иванов за „Макфакс“.

Инспектори од Управата за финансиска полиција вчера влегоа во Град Скопје за да го побараат јавниот повик на кој била избрана компанија која за 30 илјади евра го украсува Скопје кој не е достапен за јавноста и медиумите.

По многубројните забелешки дека Управата за финансиска полиција оди во контрола во Град Скопје најавена три дена претходно, директорот Иванов рече дека кога ќе заврши увидот ќе даде објаснување околу нивното постапување. Финансиска полиција минатата недела најави дека ќе влезе во Град Скопје за новогодишното украсување откако Обвинителството ја прозва и посочи дека доколку Управата не преземе мерки, тие ќе отворат предмет за да утврдат како се потрошени 30 илјади евра за новогодишно украсување на Скопје.

И градоначалничката Данела Арсовска молчи по инспекцијата на Финансиската полиција. Таа не одговара на прашањата поставени од „Макфакс“ во врска со новогодишното украсување. Молчеше за медиумите и вчера, но на „Фејсбук“ објави фотографија како игра шах со Дедо Мраз и напиша „во исчекување на резултатите од истрагата за елката“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK