Со завршни зборови на одбраната, во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за автобуската несреќа кај селото Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, а над 30 беа повредени.
Како што е најавено, завршен збор треба да даде одбраната на четвртообвинетиот, Горан Дуковски, петтообвинетиот, Јане Боварски, и шестообвинетиот Маноил Трифуновски.
На минатото рочиште, завршни зборови даваа бранителите на второобвинетиот Ремзи Мифтари и третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски.
Завршни зборови на изминатата расправа даде јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, но и бранителите на првообвинетиот, сопственик на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули