Мециновиќ: Директор на затворот во Штип од СДС тепа студенти и активисти на Левица

Мециновиќ-Директор-на-затворот-во-Штип-од-СДС-тепа-студенти.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ на прес-конференција говореше за физичкиот напад на активистот од Црвена Младина, Јован Јанев од страна на функционерот од СДС и директор на КПД Штип.


„Директорот на затворот во Штип и функционер на СДС, Мики Тодорор физички напаѓа студенти. Активистот на ЦМ и студент Јован Јанев во вечерта помеѓу петокот и саботата во Штип бил дивјачки нападнат со физички удари – затоа што е политички активен во Левица и затоа што ако режимот на Груевски ја користеше полицијата да ги тепа студентите, овој режим директно удира со своите функционери. Бараме Владата да го разреши директорот поради недозволено, недолично и противправно однесување. Бараме Ковачевски да го разреши овој клучен човек на СДС во Штип, кој покрај другото: во 2017 како советник во Штип и секретар во општинскиот одбор, физички го нападнал директорот на ЈКП Исар – дали ова се скалила за напредување во СДС, или е само непресметлива личност за која треба хоспитализиција? На функцијата директор е поставен без соодветно образование, но затоа во негово време поркај огромниот број бегства, помеѓу кои се издвојува бегството на озлогласениот затвореник Красниќи“, вели Мециновиќ.

Како што вели, затворот во Штип е предмет на сериозни инциденти, тортура и трагедии, на починати за кои не се знаат околностите и причините – за целосна негрижа.

„Медиумите пишуваат за истраги против затворски полицајци кои примаат поткуп од затвореници. Во времето на Мики Тодоров триесет затвореници во штипскиот затвор штрајкуваа со глад заради тортура и испраќаа ултиматуми до директорот. Наводи велат дека правото на посета е селективно, на осудените од 27 април не им се дозволуваат посети, додека за други посетите се овозможени во текот на целата недела. Дали оваа состојба во затворот ја предизвикува насилната природа на директорот? За неговата дерегулирана состојба, низ медиумите се појавуваат и вести како редовно се заканува со физичко насилство на социјалните мрежи, но за еден ваков мајстор на корумпираноста и насилството, секако дека и непотизмот не е непознат. Со неговото влијание ги вработува својата жена за раководител на сектор во УЈП Штип, а неговата сестра во основно училиште“, додава Мециновиќ и потсетува:

„Во извештајот на ЕУ за Македонија за оваа година се вели: „Состојбата во затворите е и понатаму очајна. Препораките на Европскиот комитет за спречување на тортура на притворени и осудени лица не се адресирани, што е крајно загрижувачки”. Во извештајот, условите во затворите се опишуваат како НЕЧОВЕЧКИ. СДС има една цел, тоа е да остане на власт, да ги заштити своите криминалци и насилници и да продолжи да владее низ насилство и грабеж. Против Мики Тодоров ќе биде поднесена приватна тужба и кривична пријава, додека очите на јавноста се вперени во премиерот во заминување Ковачевски, дали со министерот Спасовски ќе се обиде заташкување на случајот, токму во нивен, европски стил. Поминува нивното време на насилство”, завршува Мециновиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK