Новогодишниот караван со Дедо Мраз ќе патува низ цела Кисела Вода, во текот на три дена во кои сите дечиња добијат пакетчиња, а настанот ќе биде дополнет со многу музика и забава, известуваат од општината.
Новогодишниот караван започнува од среда, 27.12.2023, каде што Дедо Мраз во 10 часот ќе пристигне во Паркот на бранителите во Драчево.
Во четврток, 28.12.2023, повторно во 10 часот ќе биде пред Домот на култура ,,Билјана Беличанец” од каде ќе се упати во градинките да ги израдува најмалите, а петокот е резервиран за неверојатна двочасовна забава во паркот во Расадник.
На 29.12.2023, во 12 часот со детска претстава започнува големиот хепенинг резервиран за сите деца од Кисела Вода, но и пошироко, додека во 12:40 со свој концерт ќе настапат “Поточиња”.
Во 13:30 ќе ве забавуват Сара Мејс и „Данса Латина Стефи“ со заеднички настап, а од 13:45 популарните кај младата популација, Пајак и Лара.
На крајот од хепенингот, Дедо Мраз ќе подели пакетчиња за сите дечиња.