Вчера околу 12 часот на Попова Шапка, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода четири малолетници од Скопје, кои биле пријавени од 57-годишниот Џ.К. од Скопје дека еден час пред тоа физички го нападнале неговиот малолетен син.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и против пријавените ќе следуваат поднесоци.