Воздухот во Ниш синоќа беше најзагаден од почетокот на овогодинешната грејна сезона, покажуваат податоците на Агенцијата за заштита на животната средина.
Концентрацијата на ПМ10 честичките во 23 часот била 289,89 микрограми на метар кубен, што е речиси шест пати поголема од дозволената вредност, додека пак концентрацијата на ПМ2,5 честичките била 255,35 микрограми што е 10 пати поголема од дозволената вредност.
Според експертите, концентрацијата на суспендираните честички ПМ10 и тешки метали (олово, арсен, кадмиум и никел) не треба да надминува 50 микрограми на кубен метар за воздухот да се смета за чист, додека концентрацијата на честичките ПМ2,5 не треба да надминува 25 микрограми.