Голема нула во дербито помеѓу Фенербахче и Галатасарај

Голема-нула-во-дербито-помеѓу-Фенербахче-и-Галатасарај.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Долгоочекуваното турско дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај ги разочара навивачите на двата тима, но и фудбалските фанови ширум светот, мрежите на дуелот на „Шукру Сарачоглу“ останаа недопрени – 0:0.



Фенербахче и Галатасарај останаа на врвот на табелата во турскиот шампионат со по 45 поени.

Само еден удар во рамката од голот, неколку солидни прилики, многу дуели и тензии, повеќе на теренот отколку на трибините и 45 прекршоци го одбележаа овој дуел.

Најдобрите прилики беа забележани во вториот дел, во два наврати Фенербахче можеше да поведе. Најпрвин во 61. минута, кога Шимански шутираше непрецизно и девет минути подоцна се обиде и Џошуа Кинг, од 15 метри шутираше многу паметно, но топката заврши над голот.

Галатасарај можеше да ги казни тие промашувања во 77. минута, Ливаковиќ погрешно го процени летот на топката, Бардакчи шутираше на втората статива, но хрватскиот голман успеа да ја исправи својата грешка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK