Собрани над еден милион евра за помош на семејствата на жртвите од масакрот во Прага

Собрани-над-еден-милион-евра-за-помош-на-семејствата-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жителите на Чешка донираа околу 38 милиони круни (повеќе од 1,6 милиони евра) за помош на семејствата на 14 жртви и преживеани од масакрот што се случи во четвртокот на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет, јави „Радио Прага“.


Собирот на средства од заедницата за поддршка на семејствата на жртвите, наставниците и студентите погодени од најлошото масовно пукање во историјата на земјата, објави Универзитетската фондација, собра повеќе од 33 милиони круни за еден ден.

Градот Прага вети дека ќе додели уште пет милиони круни, јави новинската агенција ПАП.

Во четвртокот студент уби 14 и рани 25 лица на Филозофскиот факултет во Прага, а потоа се самоуби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK