Познатиот белградски сплав „Картел“ потона синоќа во Нов Белград, пришто стотици млади луѓе беа евакуирани од Сава.
Како што јавуваат српските медиуми на драмата претходела тепачка, кога дел од гостите биле исфрлени од страна на обезбедувањето, а мостот што го поврзува сплавот со шеталиштето почнал да попушта.
Утрото по несреќата, на местото на настанот можеле да се забележат предмети на гостите – чизми, клучеви, џемпери, па дури и чанти, пишува „Нова рс“.
Во текот на истрагата ќе бидат познати сите околности на несреќата.