ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ужива само 4 отсто рејтинг

ВМРО-ДПМНЕ-Ковачевски-пред-избори-им-фрла-трошки-на-граѓаните-тој.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ковачевски ужива само 4 отсто рејтинг, тоа покажува дека во Македонија никогаш не се живеело полошо – ВМРО-ДПМНЕ во една година ја зголеми разликата пред СДС за 8,1 процент, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.


„Последните мерења на јавното мислење покажуваат дека рејтингот на СДС не опаѓа, туку забрзано пропаѓа.

Тие веќе неколку месеци по ред се трета партија според довербата кај граѓаните, а незапирливо итаат и кон четвртата позиција. Она кое што е најевидентно од анкетата на агенцијата Маркет Вижн е дека Ковачевски има само 4% доверба кај граѓаните, што е единствен случај во Македонија некој премиер да има толку мал рејтинг меѓу населението.

Исто така од испитувањата на јавното мислење може да се види дека во декември 2023 во споредба со февруари 2023 година разликата во рејтингот помеѓу СДС и ВМРО-ДПМНЕ се зголемила за 8,1% во корист на ВМРО-ДПМНЕ, поради катастрофалните и анационални политики на оваа влада предводена од Димитар Ковачевски.

Односно, од февруари до декември 2023, СДС со Ковачевски изгубиле 3,2% од својот рејтинг, а ВМРО-ДПМНЕ ја зголемило довербата кај граѓаните кај нови 4,9% од избирачите кои се одлучиле да излезат на гласање.

Граѓаните гледаат дека со власта на СДС и ДУИ се живее полошо од било кога во Македонија. Оваа власт е одговорна за растечката сиромаштија, растечките криминал и корупција, инфлација, тонењето на економијата, распадот на системот на образование, здравство, судство, итн.

Оваа власт мора да се промени. Оваа криминогена власт мора да се победи“, се вели во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK