(Видео) Нерешено на „Енфилд“, Арсенал остана на првото место

Видео-Нерешено-на-„Енфилд-Арсенал-остана-на-првото-место.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA


Дербито од 18. коло на Премиер лигата заврши без победник, Ливерпул и Арсенал ремизираа со резултат 1:1.

Не почна добро за домаќините, Арсенал уште во четвртата минута поведе на „Енфилд“. Габриел со прецизен удар го совлада Алисон.

Ливерпул брзо се опорави од почетниот шок, тимот на Јирген Клоп беше многу подобар противник во преостанатиот дел од натпреварот. Домашниот тим можеше да израмни во 14. минута, но Салах не беше прецизен.

Сепак, во 29. минута репрезентативецот на Египет беше непогрешлив по одличното проигрување на Александар-Арнолд. Тоа беше 18-ти гол за Салах во последните 18 натпревари на „Енфилд“.

До крајот Ливерпул напаѓаше со сите сили, Арсенал најмногу шанса чекаше од контра.

Но, само една контра на Ливерпул можеше да го реши прашањето на победникот, во 73. минута по корнерот на Арсенал, Ливерпул имаше контра „пет на два“, Салах додаде до Александер-Арнолд, а англискиот репрезентативец ја затресе гредата на противничкиот гол со силен удар.

Претходно добри шанси имаа Салах, Гомез и Собослаи, но голманот на Арсенал остана несовладан.

Арсенал остана лидер на табелата со 40 поени, зад него со 39 се Астон Вила и Ливерпул.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK