Средовечен маж бил спасен откако три дена бил заглавен во тесна пукнатина на карпа во Сан Диего.
Мажот паднал на дното, каде што бил заробен, од половината надолу, под карпата. Според тамошните медиуми, тој со денови врескал „помош“ пред да го слушнат двајца тинејџери во четвртокот, околу 15 часот и 40 минути (по локално време) и веднаш повикале брза помош.
Противпожарната служба на Сан Диего брзо одговорила на повикот – но акцијата била прекината поради зголемените плими, објави „Фокс 5“. Тие потоа му дале електролити и ќебиња за да го задржат жив во текот на ноќта додека брзата помош да ја продолжи својата спасувачка мисија.
Тимот ја продолжи мисијата рано во 4:40 часот следното утро. Но, временските услови во Јужна Каролина ги отежнаа спасувачките напори бидејќи повремениот дожд и силните ветрови, заедно со постојаните молњи и грмежи, направија хаос за спасувачките екипи.
Тимовите ја продолжија својата мисија во 9 часот наутро и беа потребни два часа додека конечно успеаја да го спасат човекот и да го однесат на безбедно.
Околу 150 служби за итни случаи работеа од моментот на повикот во четвртокот попладне до неговото долгоочекувано спасување следниот ден.
За да го спасат – две лица беа спуштени во дупката каде што пробушија мали дупки и предизвикаа микроексплозии за да ги отстранат околните карпи.
Спасувачките екипи го извлекоа на носилки и тој е пренесен во болница на лекување со тешки трауматски повреди.
Човекот успеал да комуницира со првата помош и наводно е во стабилна состојба.
Спасувачите за време на спасувањето не му дале храна во случај да повраќа, туку му дале вода и електролити. Тој се здобил со повреди на стомакот и нозете, а страдал и од тешка дехидрација.