Во изминатите неколку години СДСМ врати 2,6 милиони евра назад кај граѓаните, од независноста до денес не се случила толку голема финансиска поддршка, тоа граѓаните го знаат а ние сите сме горди на тоа, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната трибина „Повеќе за сите“ во Кочани.
Граѓаните знаат дека со СДСМ има повеќе за сите, додаде Ковачевски.
-Само во изминатите неколку години СДСМ врати 2,6 милиони евра назад кај граѓаните. Од независноста до денеска не се случило толку голема финансиска поддршка, толку многу пари да бидат насочени за граѓаните. И тоа го знаеме ние, го знаат граѓаните, тоа го знаат студентите, работниците, пензионерите, лекарите, наставниците, негувателките, лекарите, тоа го знаат земјоделците, самохраните родители, тоа го знаат примателите на социјална помош, го знае бизнис заедницата, тоа го знаат стопанствениците, рече Ковачевски.
Ние парите ги насочивме кон граѓаните, со нашите мерки и политики создаваме еднакви можности и подобри услови за секој човек, додаде Ковачевски.
-Само со последниот, 9-ти пакет антикризни мерки, обезбедивме уште Повеќе за сите на кои им е неопходна помошта сега со продолжени дејствија на енергетската криза. 662 милиони евра насочуваме кон 120.000 млади лица, 187.000 пензионери, над 74.000 социјално ранливи граѓани, 40.000 земјоделци, 600.000 домаќинства и над 70.000 компании. Тоа е повеќе за сите и тоа е нашата грижа за сите, рече претседателот Димитар Ковачевски денеска на трибината на СДСМ, Повеќе за сите во Кочани.