Струмичани украле сеф со „ролекс“ и пари па ги закопале во тегла во двор

Струмичани-украле-сеф-со-„ролекс-и-пари-па-ги-закопале.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во петокот ја извршиле кражбата, а веќе во саботата се приведени.


Две лица од Струмица упаднале во куќа во селото Куклиш, струмичко, крадејќи метален сеф во кој имало пари, златен рачен часовник „Ролекс“ како и други предмети.

При претрес на едниот од нив (Ж.М.) биле пронајдени дел од одземените пари, а во службениот разговор тој го признал делото, по што го посочил и местото каде го фрлил металниот сеф.

Л.М. се сомничи дека му помогнал на Ж.М. да прикрие предмети кои ги одзел при кражбата, односно при претрес на дом и други простории сопственост на Л.М., извршен со судска наредба, во дворното место била пронајдена закопана тегла во која биле дел од украдените предмети,

Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK