Филипче направи операција на мозок со свесен пациент

Филипче-направи-операција-на-мозок-со-свесен-пациент.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За првпат во Македонија е направена операција на мозок со свесен пациент (awake brain surgery), објави неврохирургот и поранешен министер за здравство Венко Филипче.


„Операцијата ја изведовме кај млада пациентка која имаше тумор блиску до центрите за говор и движење на десната рака и нога. Предноста на аwake brain surgery е поради неопходната соработка која хирургот ја има со пациентот додека трае операцијата. За да се отстрани максимална количина на тумор без да се оштетат центрите за говор и движење хирургот комуницира со пациентот. Мозочното ткиво не содржи рецептори за болка, па самиот тек на операцијата е безболен.

Кај нашата млада пациентка операцијата помина одлично. Туморот е изваден до максималните можни граници и пациентката се осеќа добро. Им честитам на тимот анестезиолози предводен од д-р Весна Дурнев и упатувам благодарност до колегата д-р Игор Лазиќ од Клиниката за неврохирургија во Белград. Драго ми е што моите млади колеги имаа голем интерес и желба да бидат повторно мој верен тим во операционата сала“, објави Филипче на социјалните мрежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK