Доказите на обвинителството во случајот Жан Митрев со погрешен превод, датум…

zan mitrev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Искра Хаџи Василева, обвинителката во случајот Жан Митрев, на последното рочиште при презентацијата на писмените докази направи уште една груба повреда на непосредноста на изведувањето на доказите. Спротивно на наредбата на Судот од претходното рочиште дека сите докази треба да се читаат на рочиштето заради запазување на начелото на непосредност и почитување на Законот за кривичната постапка – член 392 став 4, на ова рочиште тоа не беше сторено. Се „читаа“ докази скриени во картонски класери и никој во судницата не виде што во тие класери има, реагира одбраната на Жан Митрев, пренесе Експрес.мк.

На приговор на одбраната донесени беа класерите, но останаа неотворени, а беше наведено дека се презентираат документите кои наводно се внатре.


При презентацијата на одобрението на производителот на филтри за хемофилтрација зборот за итна употреба (emergency use) беше погрешно преведен како вонредна употреба, што суштински ја менува смислата на самиот документ, реагираше одбраната.

Обвинителката предложи емитување на снимка, која наводно била емитувана во јуни 2020 година на ТВ Канал 5 (во време на пандемијата), но се покажа дека тоа е снимка која е емитувана две години подоцна на сосема друг медиум и тоа надвор од периодот на кој се однесува обвинението. По приговорот на одбраната, обвинителката рече дека се работи за технички грешки во листата на докази.

И претставниците на невладините организации кои го следат овој судски процес останаа збунети од ваквата презентација на доказите. Судијата, иако претходно нареди да се читаат доказите заради почитување на начелото на непосредност во изведувањето на доказите, овојпат дозволи ваков тек.

На претходните рочишта обвинителката потврди дека на сведоците, односно пациентите на клиниката Жан Митрев им ја читала групно наредбата за истрага, со што таа директно ги наведе сведоците да се чувствуваат измамени и оштетени од д-р Жан Митрев, по што им земала и исказ. За време на претходните рочишта сведоците дадоа сосема спротивни искази од она што го очекуваше обвинителката.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK