Почина Силјан Мицевски -ексградоначалник на Битола и претседател на ракометниот клуб „Пелистер“

Почина-Силјан-Мицевски-ексградоначалник-на-Битола-и-претседател-на-ракометниот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот градоначалник на Битола, почесен конзул на Република Србија во Битола, и таткото на битолскиот ракомет, Силјан Мицевски, почина на 78-годишна возраст.



Силјан Мицевски беше градоначалник на Битола на избори што се одржаа во 1996 година, а во 2007 година со Одлука на Владата на Република Србија беше назначен за Почесен Конзул на Република Србија во Битола.

Професионалната кариера на Мицевски е втемелена на ГП „Пелистер“-Битола која датира од 1968 година, најголемата љубов и самоодрекувања во животот на Мицевски се врзани за спортот и посебно ракометот каде бил ракометар, прв македонски меѓународен ракометен судија, и поддржувач на РК „Пелистер“, денес РК „Еурофарм Пелистер“.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK