Откриено е името на жената која го нападна Чарли Шин, таа ќе оди на суд следната недела
Жена е уапсена откако ѕвездата на „Два и пол мажи“, Чарли Шин беше нападнатаво Лос Анџелес, соопшти полицијата.
Нападот се случил во средата околу 13 часот, по што американската полиција добила дојава.
„По контактирањето со вклучените страни, властите го идентификуваа Чарли Шин како жртва на нападот“, беше потврдено.
Американските власти соопштија дека жената ќе се појави пред судот во Лос Анџелес во петок. Шин не беше достапен за коментар.
Полицијата во средата дошла во домот на актерот по расправија. Полицајците велат дека 47-годишната сосетка тропнала на вратата на Шин, тој ја отворил, а потоа насилно му влегла во куќата и го нападнала.
Сосетката му ја искинала кошулата на Чарли и се обидела да го задави, а потоа се вратила во нејзината куќа. Чарли се јавил на 911, кои веднаш дошле на местото на настанот, но тој немал повреди поради кои би требало да биде пренесен во болница.
Чарли не е сигурен што го предизвикало инцидентот, но очигледно ова не му е прв проблем со неа. Тој им рекол на полицајците дека верува дека истата жена неодамна му го испрскала автомобилот со некој вид леплива течност. Тој вели и дека истата жена ден пред нападот му фрлала ѓубре пред влезната врата.