Претседателот на најуспешниот марокански фудбалски клуб Видад Казабланка, Саид Нацири (45) е приведен во рамките на истрагата за трговија со дрога.
Претседателот на Казабланка се соочува со неколку обвиненија, вклучително и „фалсификување службени документи, поседување и дистрибуција на дрога и употреба на фалсификувани чекови“, изјави за АФП неговиот адвокат.
Истражен судија во Апелациониот суд во Казабланка го обвини Нацири, член на Партијата на автентичност и модерност, либерална партија која учествува во владината коалиција, за перење пари, јавуваат мароканските медиуми.
Истрагата беше покрената по признанието на Малијан Ел Хаџа Ахмед Бен Брахим, нарко бос осуден за трговија со дрога во Мароко, кој го обвини Нацири за криминални активности.
Обвинети се вкупно 25 лица, од кои 21 моментално се во притвор.
Видад Казабланка е најуспешниот фудбалски клуб во Мароко, со 22 титули во националниот шампионат и три пат во африканската Лига на шампиони, последен пат во 2022 година, минатата сезона беше вицешампион на континентот.