Третпат почнува судењето за Јилдз Веапоска која остана без јајчник, бубрег и матка по породување: Дај Боже третиот пат да биде вистински

Третпат-почнува-судењето-за-Јилдз-Веапоска-која-остана-без-јајчник.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со исказ на Јилдз Веапоска, на која по породување со царски рез ѝ беа отстранети три органи, во Основниот суд во Струга по трет пат почна судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син, доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска.



Веапоска тврди дека и се извадени здрави органи, јајчник, бубрег и матка по породувањето и бара да се санкционираат лекарите од струшката болница поради лекарска грешка.

„Тоа што ми се случи, тие денови во таа кобна болница во Струга се повеќе и повеќе мислам дека ми го скратува животот и се повеќе сум изнемоштена од овие настани наместо да дојде правдата и докторите да си ја добијат казната што ја заслужуваат се доведувам до постапка јас да го кажувам сето тоа што јас го имам поминато, дај боже третиот пат да биде вистински и да заврши што побргу“, изјави Веапоска.

Адвокатот на оштететната Веапоска,  Сашо Јанев е задоволен од водењето на постапката и се надева дека правдата ќе дојде на виделина.

Лекарите се бранат во суд дека со својата интервенција и го спасиле животот на Веапоска и дека вадењето на органите било неопходно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK