30 милиони денари од државниот Буџет ќе се распределат за реконструкција на спортската сала „Работнички“ во Скопје

Две-милијарди-денари-од-државниот-буџет-ќе-се-пренаменат-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата, на денешната седницa донесе и Одлука за прераспределба на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, конкретно од Агенцијата за млади и спорт кон Општина Центар.



Станува збор за 30.000.000 денари, што согласно владината одлука, се наменети за реконструкција на спортска сала „Работнички“ – Градски парк, општина Центар, во Скопје.

Задолжена е Агенцијата за млади и спорт, средствата да ги префрли на посебна наменска сметка на Општина Центар.

Согласно владината одлука, прераспределените средства кон Општина Центар се исклучиво за намената за којашто се доделени, односно за реконструкција на спортска сала „Работнички“ – Градски парк, општина Центар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK