Голема хуманитарна активност на македонската дијаспора

filip_donacija_005
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Патриоти, родољуби. Нашинците од Канада, Америка и цел Свет веќе еден месец донираат за македонските семејства !

Донаторската акција е сеуште активна. Можете да донирате на следниот линк : ДОНИРАЈ ТУКА


Благодарност до организаторот Љубиша Цветаноски – Крсто и до браќата и сестри донатори: Франк Шутески, Христина Пецева, Николче Арсовски, Дарко Мијац, Тони Зиковски, Ристе Катров, Горан Аврамовски, Марио Брљаца, Сениа Хамилович, Наташа Младеновски, Ирена Младеновски, Билјана Младеновски.

Во оваа донација целни групи беа децата без родители, семејствата кои имаат деца со аутизам и лица со тешки здравствени проблеми.

Изминативе две недели имав средби со неколку семејства, бев во домот за деца без родители “11 Октомври”, но бев и во Јавна Установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми. На тие средби дефиниравме и детектиравме што најмногу им е потребно на дечињата (приближно 25) како и на нивните семејства. Истакнува Јовчески

Донациите се состојат од апарати за домаќинство, лекови и витамини, голема количина на прехрамбени продукти, детергенти, голем број на вредносни ваучери од ДМ маркетите, голем број на вредносни ваучери од останати маркети и аптеки.

Иако ова се скромни донации е само почеток на една убава проказна која ќе продолжи и понатаму да дели насмевки на онаи кои најмногу им се потребни.

Подджете ја акцијата со донација на следниот линк : ДОНИРАЈ ТУКА

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK