Граѓаните одлучија: „Зелените поени“ собрани преку вендинг машините на Пакомак да се донираат за потребите на СОС Детското село. Овој хуман гест го препозна и самата компанија, која реши да ги удвои собраните средства и да придонесе со сопствена донација во истата цел.
Користејки ја мобилната апликација ЕкоМак, корисниците имаа можност да бираат каде ќе ги потрошат вкупно собраните „зелени поени“ добиени за селективно одложување на пластичните шишиња и лименки во повратните вендинг машини на Пакомак.
Преку одложување на отпадот во машините за оваа акција во изминатиот период беа собрани вкупно 68.000 шишиња и лименки и исто толку беа доделени и „зелени поени“, еднакви на 34.000 денари во денарска противредност. Преку 300 корисници на апликацијата средствата одлучија заминат кај СОС Детското село.
Во знак на благодарност за користењето на машините, но и за хуманиот гест кој го преземаа корисниците, Пакомак реши да ја удвои донираната вредност на 70.000 денари и ја поддржи донацијата со дополнителни средства.
„Во име на компанијата Пакомак, сакам да ви се заблагодарам што вашите зелени поени ги подаривте за поддршка на СОС Детското село и за заштита на ранливата група на деца без родителска грижа“, изјави Ико Брдароски, менаџер за развој на бизнис и комуникации во Пакомак.
Пакомак ја истакна радоста за тоа што граѓаните во голем број ја прифатија еколошки свесната кампања под мотото РЕЦИКЛИРАЈ (пластични шишиња и лименки во апаратите на Пакомак), ДОНИРАЈ (поени добиени од рециклирање за СОС Детско село), МЕНУВАЈ (и прави позитивно влијание во заедницата).
На овој начин граѓаните истовремено можеа да делуваат во две важни области за нашето општество – животна средина и за ранливата група на деца без родителска грижа. Благодарност до ПАКОМАК што ни ја отстапи нивната платформа како можност за поддршка на нашата работа и секако голема благодарност на сите оние кои ги споделуваат своите зелени поени за нашата кауза – изјави Силвија Брајовиќ од СОС детско село