Биби и Боби повторно ја воодушевија детската публика –  премиерата на новогодишниот цртан филм „Звуците на Новата година“ предизвика лавина позитивни реакции кај децата и кај родителите

cineplex_bibi_bobi_001
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Синоќа во кино салата Синеплекс се одржа премиерата на новогодишниот цртан филм „Звуците на Новата година“. Биби и Боби повторно ги воодушевија децата и го украдоа целото нивно внимание. Во преполна сала со родители и деца, се слушаа радосни детски гласови, импресионирани од ликовите и содржината на филмот.

Дечињата филмот го гледаа со големо внимание, за да дознаат што се случува со звуците на Новата година, зошто ниедна мелодија не е како што треба, зошто се испревртени зборовите во сите песни во целата бесконечна вселена, а особено ги интересираше на кој начин Биби, Боби, снешкото Гого, Дедо Мраз од Заз, роботчето Р1 и мистериозните чувари на Заз ќе ја спасат целата музика во универзумот.


Голема е среќата кога вашите деца целосно уживаат, а истовремено преку забава и песнички се едуцираат. Токму затоа,  лавина позитивни коментари има и од родителите, кои се посебно задоволни од целата приказна и едукативна содржина на филмот.

Заслужни за ова ремек-дело се режисерите Димитар Аризанов и Јосип Здравковски, актерите Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски, Сашка Димитровска и Дамјан Цветановски кои ги позајмуваат гласовите, а за музиката се погрижи Ангел Ќосев.

Премиерни проекции на „Звуците на Новата година„ вчера имаше и низ многу други градови во Македонија.

Филмот ќе се прикажува во кино салите Синеплекс и Милениум, но исто така „Звуците на Новата година“ ќе патуваат низ цела Македонија и тоа, – „3Д Кино“ Битола (22, 25 и 27.12.2023), „Мис Стон“ Прилеп (22.12.2023), „Дом на култура Гевгелија“ (23.12.2023), „Дом на култура Свети Николе“ (21, 22 и 25.12.2023), „Дом на култура Пробиштип“ (26.11.2023), „Дом на култура Бограднци“ (25.12.2023), „Дом на култура Охрид“ (29.12.2023) и „Кино Манаки“ Битола (22, 23 и 24.12.2023).

Исто така, за претстојните викенди (23.12, 24.12, 30.12 и 31.12.2023) со почеток од 12:00-16:00 часот пред кино салата Синеплекс, тимот на „Светот на Биби“ подготви бесплатни IQUP работилници со детски друштвени игри, научни експерименти и уште многу други изненадувања.

Картите се пуштени во продажба од 18.12.2023 и веќе се лизгаат, а ако сеуште не го обезбедивте своето место за да погледнете како Биби и Боби заедно со своите пријатели ќе ја спасат целата музика на светот, побрзајте и веднаш купете карта.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK