(Видео) Митева: Скандалозен оглас на ФИТР – Поврзаноста и блиските односи со власта како главен критериум за добивање на грант

Видео-Митева-Скандалозен-оглас-на-ФИТР-–-Поврзаноста-и-блиските.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поврзаноста и блиските односи со власта како главен критериум за добивање на грант од јавна тајна станаа и офијален критерум во условите за аплицирање на ФИТР, оценува Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.


Преставувајќи го повикот за доделување на грант од страна на ФИТР, објавен на 20.12.2023 година за Обука за зелени работни места чиј буџет на проектот е 60.000 долари, според Митева фрапантно е што како критериум за тоа кој може да аплицира јасно и недвосмислено е надеведно: „Сите апликанти мора да бидат формално конституирани, признати и во добра состојба со соодветните власти и да бидат усогласени со сите важечки регулативи и прописи.

„Замислете, ова значи дека само подобни се нивните и оние кои се блиски до нив, а секој друг е индивидуа или правно лице кое не исполнува критеруми. Од кога во Македонија критерум за грант или тендер е близината со власта? Ова ли е таа нивна европска агенда или пак можеби оваа е таа нивна зелена агенда?
ФИТР треба да одговори кои се критериумите по кои ќе утврдат кој е во добра состојба, а кој не со властите, која е комисијата за евалуација која тоа ќе го цени? Или можеби кој е тој документ со кој ќе ја докажат близината или добрата состојба, дали можеби станува збор за препорака добиена од општинска организација или пак потврда за партиска донација?“, прашува Митева

Додава дека секој граѓанин во едно демократско општество кога го чита овој оглас се прашува кое е дното кое власта нема да го пробие, до каде ќе оди нивната желба за профит штом јавно и директно посочуваат дека нема место за никој друг освен за блиските и оние кое се во добра состојба со нив како власт.

„Ова се 60.000 американски долари кои од буџетот на граѓаните ќе завршат во нечиј приватни сметки на фирми или лица блиски до власта. Ова не смее да биде уште еден случај во низата кој ќе се вброи во скандалите на власта, за ова мора институциите веднаш да реагираат. Бараме од ФИТР да го повлече јавниот повик и директорот да си поднесе оставка за ваквите чекори. Воедно, Ковачевски да одговори дали ваква насока е дадена и до сите други директори кои имаат огласи за објавување ова да биде услов или критериум за аплицирање“, посочи портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK