Тетовец, сопственик на угостителски објект, физички нападнал еден од своите вработени, објави СВР Тетово.
„Триесет и седумгодишниот Н.С. од тетовско Палатица, вчера (21 декември) во 19 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот и 20 минути бил физички нападнат од Ф.Ј.(44) од истото село, во чиј угостителски објект бил вработен“, велат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.