Денеска од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, извршен е претрес во дом и други простории кај 41-годишниот Е.Ј. од село Семениште, скопско, извести МВР.
„При претресот пронајдени се автоматска пушка, два пиштола, една рамка за пиштол, две рамки за автоматска пушка и 71 куршуми“, соопшти МВР.
Од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција Е.Ј. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.