Во масакрот на Филозофскиот факултет во Прага во четвртокот попладне загинаа 14 лица, по што напаѓачот наводно се самоубил.
Полицијата работи на идентификација на жртвите, а една од нив е Ленка Хлавкова.
Оваа информација ја потврди и Институтот за музика.
„Со длабоко жалење објавуваме дека вчерашната вест за жал е потврдена. Врз основа на проверени информации од семејството и со нивна дозвола, соопштуваме дека нашата колешка и директорка на Институтот за музика ФФ УК Ленка Хлавкова не го преживеала вчерашниот напад. Изразуваме длабоко сочувство, пред се до семејството“, објавија од Институтот на социјалните мрежи.
Полицијата работи на идентификација на жртвите на масакрот, а досега идентификуваше 13 од 14-те.
Вчера на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага се случи пукање во кое според последните информации од полицијата загинале 15 лица, меѓу кои и напаѓачот, додека 24 се повредени.
Меѓу повредените има и тројца странци – едно лице од Холандија и двајца од Обединетите Арапски Емирати.
Чешката полиција соопшти и дека таткото на осомничениот за пукањето бил пронајден мртов.