„7 години власт СДС не направи ништо за почист воздух, сега кога се во паника виновни се градоначалниците“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„7-години-власт-СДС-не-направи-ништо-за-почист-воздух.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Го разбираме очајот и паниката во која се наоѓа СДС, и тоа се гледа во секое нивно соопштение или јавен настап, ама дека СДС ќе пушти соопштение против градоначалниците на СДС не верувавме се до утрово кога всушност пуштија соопштение дека бил загаден воздухот“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.



„Под кованицата скопјани дишеле загаден воздух, спаѓаат и карпошани, чаирчани, центарци, и сарајчани каде се градоначалници поддржани од СДС и ДУИ.

Дали СДС гледа некаква физичка граница за воздухот помеѓу општини кои се СДС и ВМРО-ДПМНЕ и граници помеѓу каде оди загадениот и чистиот воздух ни е непознато, но ваква глупост одамна не била изнесена во јавност.

Справувањето со загадувањето и загадениот воздух кое и СДС го ветуваше треба да се чисти со заеднички напори на централната и локалната власт. СДС е партија која е власт 7 години и со прст не мрдна. Тие не треба да ја градат својата среќа над несреќата на другите. Наместо политиканство нека ги остават тастатурите и нека поработат за народот конечно“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK