Во престрелката што се случила на универзитетот во центарот на Прага, загинале најмалку 15 лица, меѓу кои и напаѓачот, а повеќе од 30 се ранети, соопшти службата за итна помош.
Полицијата соопшти дека интервенирала нешто по 15:00 часот поради пукање на Филозофскиот факултет и дека напаѓачот по акцијата бил елиминиран. Чешката влада го прогласи 23 декември за ден на жалост. Засега не е познат мотивот за масовното убиство.
BREAKING: Footage show students hiding on a ledge during an ongoing mass shooting in University in Prague pic.twitter.com/8j5bkHInwd
— Lore of the Land (@LoreOfTh3Land) December 21, 2023
Еден од студентите на социјалните мрежи откри дека веднаш по пукотниците се согласиле меѓу себе како да го намамат напаѓачот.
„Еден од нас требаше да биде мамката, а другите да се нафрлат на напаѓачот. Од нас шестмина, само еден беше исплашен“, опишал преживеаниот студент.
Тој наведува дека дури подоцна сфатил каде згрешиле и ги предупредува другите да не ги прават истите грешки доколку се најдат во слична ситуација.
„Не се забарикадиравме кога почна пукањето и не повикавме полиција. Најмногу се трудевме да бидеме тивки“, вели студентот и додава дека си заминале дури кога дошла полиција.