По страшните убиства, Чешка ја прогласи сабота за национален ден на жалост

По-страшните-убиства-Чешка-ја-прогласи-сабота-за-национален-ден.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чешка ја прогласи сабота за национален ден на жалост откако Давид Козак уби 14 лица на универзитет во Прага.


Претседателот на Чешка Петр Павел изрази тага и, како што наведе, беспомошен гнев поради целосно непотребната загуба на животи.

Се верува дека напаѓачот го убил и својот татко и можеби е поврзан со смртта на две лица минатата недела.

Престрелката започнала вчера околу 15 часот по локално време во зградата на Факултетот за уметности на Универзитетот Карл во центарот на чешката престолнина.

Вооружениот напаѓач отвори оган во ходниците и училниците на зградата, убивајќи по случаен избор, додека персоналот и студентите се забарикадираа во собите.

Полицијата соопшти дека напаѓачот бил 24-годишен студент на универзитет и дека немал криминално досие, иако велат дека е пронајден „огромен арсенал оружје и муниција“.

Од 25 ранети во престрелката, 10 се тешко повредени, соопшти полицијата, додавајќи дека нема повреден полицаец.

Чешкиот премиер Петр Фиала во изјава рече дека сите се шокирани од страшниот чин.

„Тешко е да се најдат зборови за да се искаже осудата од една страна, а од друга страна болката и тагата што целото наше општество ги чувствува овие денови пред Божиќ“, рече тој.

Тој додаде дека сабота ќе биде прогласена за ден на жалост и дека тој ден напладне ќе се одржи едноминутно молчење во знак на почит на жртвите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK