(Видео) 20-метарско божиќно дрво падна врз луѓе на саем во Белгија, загина жена

Видео-20-метарско-божиќно-дрво-падна-врз-луѓе-на-саем-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жена загина откако вчера на саем во Белгија врз неа паднало божиќно дрво високо 20 метри, јавија локалните медиуми.


Огромното дрво на божиќниот пазар во градот Оуденарде, на околу 50 километри западно од Брисел, вчера вечерта не издржало силен налет на ветер, јави белгиската новинска агенција Белга.

@hln_be Kerstboom in Oudenaarde valt om: drie gewonden, één persoon zwaargewond naar ziekenhuis. #hln #oudenaarde #oostvlaanderen #crime #crimetok #kerstboom #viral ♬ Minimal for news / news suspense(1169746) – Hiraoka Kotaro

Дрвото паднало врз три лица, од кои едното починало набргу во болница од тешки повреди. Остана нејасно дали огромната, празнично украсена елка е лошо обезбедена. Видеата покажаа дека дрвото драматично се ниша на ветрот пред да падне.

Локалните медиуми го цитираа градоначалникот на Оуденарде, Марник Де Меулеместер, кој изјавил дека обилните дождови и силните ветрови го урнале дрвото. Местото на несреќата е оградено, а надлежните вршат увид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK