Сообраќајот се одвива непречено во зимски услови, по претежно влажни коловози

Сообраќајот-се-одвива-непречено-во-зимски-услови-по-претежно-влажни.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег, со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, а во Куманово, Берово и на планинските премини Стража и Пресека се бележат послаби врнежи од дожд и снег. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во Кичево, извести АМСМ.



Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK