Нови детали за маскрот во Прага: Убиецот првин го застрелал татко му, па заминал на универзитетот, 15 мртви

Нови-детали-за-маскрот-во-Прага-Убиецот-првин-го-застрелал.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи на Чешка, Вит Ракушан и полицискиот директор Мартин Вондрашек зборуваа на прес-конференција по трагичниот настан што се случи на Филозофскиот факултет во Прага.



„Во 12.20 часот полицијата добила информација дека 24-годишен маж го напуштил селото Хостоун кон Прага, велејќи дека сака да си го одземе животот. Во селото што го напуштил пронајден е мртов маж, тој е татко на напаѓачот“, изјави началникот на полицијата.

Неколку часа подоцна, мажот предизвика масакр во Прага. Според последните информации од чешката полиција загинале најмалку 15 лица меѓу кои и напаѓачот.

„Чешка никогаш не доживеала сличен чин. Трагедијата е длабока и ќе има многу последици“, рече министерот и додаде дека интервенцијата ќе трае уште неколку часа. „Во овој момент нема индиции дека овој чин има врска со меѓународниот тероризам“, продолжи министерот.

Чешкиот министер додаде дека луѓето се уште се забарикадирани во зградата.

Напаѓачот е мртов, но се уште не е јасно како починал. Полицијата вели дека била принудена да пука во него, но можно е да се самоубил.

„За неколку минути бевме тука. Беше многу брзо“, продолжи началникот на полицијата за брзината на интервенцијата. Според него, напаѓачот бил легален сопственик на оружје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK