(Видео) Први снимки од нападот во Прага: луѓето панично бегаат, напаѓачот со пушка на покривот

Видео-Први-снимки-од-нападот-во-Прага-луѓето-панично-бегаат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чешката полиција денеска соопшти дека на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет на плоштадот Јан Плах во Прага се случило пукање во кое има мртви и десетици ранети, а напаѓачот е убиен.



Напаѓачот е убиен, целата зграда е евакуирана, а десетици се повредени, соопшти полицијата во најновата објава на платформата „Икс“.

Според последните информации загинале најмалку 11 лица, а повредени се 24.

Порталот „ТН“ објави фотографии на кои се гледа вооружен маж на покривот од зградата. Порталот наведува дека експлозии се слушале од местото на настанот.

Според достапните фотографии, по ходникот на факултетот се движел маж со долго огнено оружје, додека на другите слики се гледа како луѓето со кренати раце трчаат надвор од зградата, пишува чешкиот iDNES.cz.

На видеата се гледаат луѓе како трчаат преку мостот во Прага во потрага по спас.

На местото на злосторството отишол и чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан.

Пукањето се случило во центарот на Прага.

Некои ученици се забарикадирале во училниците за време на пукањето, а една од најпотресните фотографии е онаа на студенти кои се сокриле на покривот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK