СДСМ: „Алумина“ е вмровски проект, министрите на ДПМНЕ одобруваа згради високи 105 метри

СДСМ-„Алумина-е-вмровски-проект-министрите-на-ДПМНЕ-одобруваа-згради.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ДПМНЕ ја продаде поранешната фабрика „Алумина“, тогашни министри на ДПМНЕ нарачуваа, цртаа и одобруваа згради по 105 метри високи, реагираат од СДСМ по прес-конференцијата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски, кој повика Ковачевски да каже дали Јакимовски од него барал одземање на ингеренциите и со одлука на Владата да се бетонизира кај „Алумина“.


„Алумина беше и остана вмровски „проект” и тоа 100%.

Алумина не може да биде проект на СДСМ, тоа не само што звучи смешно, туку е лага, затоа што се знае дека „Алумина“ беше исклучиво вмровски проект.

ДПМНЕ од една страна го унакази цело Скопје а од друга страна ја позлати компанијата за која зборува преку тендери во 16 општини управувани од нивни градоначалници“, се потенцира во реакцијата од СДСМ.

Според партијата на власт,  бизнис релациите на градоначалниците на ДПМНЕ со „Пуцко Петрол“ се исто така факт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK