Собранието му го укина имунитетот на Бериша, се отвора патот за негово апсење

Собранието-му-го-укина-имунитетот-на-Бериша-се-отвора-патот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Собранието на Албанија денеска го одобри барањето на обвинителството за одземање на имунитетот на поранешниот премиер на земјата и лидер на Демократската партија, Сали Бериша.


Собранието за само неколку минути го изгласа барањето на Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал, познато како СПАК, со поддршка од 75 од вкупно 140 пратеници, пишува „Albanijan post“.

Бериша одбил да зборува на почетокот на пленарната седница, а пратениците од опозицијата се обиделе да ја спречат ваквата одлука и запалиле цигари во собраниската сала, велат од „Јуроњуз Албанија“.

Пратениците од опозицијата одбија да зборуваат и да ги слушнат извештаите на Собранието за усвојувањето на барањата на СПАК.

По донесувањето на одлуката за одземање на имунитетот, Бериша рече дека таа е неуставна и антидемократска одлука.

„Јас сум посилен од кога било! Порешителен од кога и да е во одбрана на правото на опозицијата на акција. Нема сила во светот што може да ги победи идеалите на демократијата“, рече Бериша.

Обвинителството минатата недела побара од пратениците да му го одземат имунитетот на Бериша бидејќи тој наводно не ја почитувал наредбата да се јавува во обвинителството неделно, како и да не патува во странство додека против него се води истрага за корупција. објави АП претходно.

Поранешниот премиер на Албанија во октомври беше обвинет за корупција поради наводна злоупотреба на положбата за да му помогне на својот зет да купи земјиште во Тирана во сопственост на граѓани и албанското Министерство за одбрана, како и да изгради 17 станбени згради во главниот град.

Бериша и Малтези ги негираа обвинувањата, тврдејќи дека претставуваат политички потег на владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама, која има доволно пратеници во парламентот сама да донесе одлука за ова прашање.

Бериша беше премиер на Албанија од 2005 до 2013 година и претседател на таа земја од 1992 до 1997 година, а претходните две години САД и Велика Британија му забранија влез во земјата поради неговата наводна вмешаност во корупција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK