Пожар избувна на периферијата на градот, огнена стихија во Австралија уништи неколку станбени згради

Пожар-избувна-на-периферијата-на-градот-огнена-стихија-во-Австралија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во пожарот што се прошири без контрола на периферијата на градот Перт на западниот брег на Австралија, уништени или оштетени се неколку станбени згради, пренесува АП.



Вонредно предупредување е издадено за источното предградие Паркервил, каде што утринава избувна пожарот. Во предупредувањето се наведува дека пожарот претставува опасност по животи и куќи. Повеќе од 150 имоти се без струја, а неколку патишта се во прекин.

Од воздушната снимка се гледа дека најмалку една куќа е уништена, а неколку други се запалени, додека целосниот обем на штетата нема да се знае додека инспекциските тимови не успеат да ја прегледаат огнената зона, наведува американската агенција. Во моментов нема извештаи за повредени.

Комесарот за противпожарна служба и за итни случаи, Дарен Клем, рече дека пожарот продолжил да ескалира и покрај напорите на пожарникарите и воздушните водни млазови. Според претходните извештаи, пожарот уништил површина од 90 хектари.

Премиерот на Западна Австралија, Роџер Кук, ја опиша ситуацијата како „загрижувачка“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK