Србинка била нападната во петокот во Офенбах околу 01:00 часот. На нападот му претходела расправија меѓу девојката и таксист за сумата што треба да ја плати за превозот.
Таксистот наводно сакал да и наплати на девојката возење кое било за 6 до 7 евра поскапо од напишаното на апликацијата. Потоа почнал да ја влече и кубе за коса.
Соседите го слушнале нејзиниот повик за помош и еден од нив се симнал и ја оттргнал девојката од рацете на таксистот, пишува српски Телеграф.
Таа за случајот ја известила полицијата.