Пeт деца во САД загинаа во пожар во двокатна зграда, кој избувнал додека нивниот татко бил на божиќен шопинг, пишува „Sky News“.
Трагедијата во која животот го загубија едно девојче и четири момчиња се случи во Булхед Сити, Аризона.
Децата на возраст од 2, 4, 5 и 13 години кои загинаа се браќа и сестри, додека 11-годишното момче е нивен братучед кој дошол на гости. Таткото на четирите деца им рекол на инспекторите дека ги оставил во домот околу два и пол часа додека одел на шопинг за храна и божиќни подароци, извести полицијата на градот Булхед.
Според полицијата, во тој момент во домот немало други возрасни лица.
Истражителите веруваат дека пожарот избувнал од приземјето и се проширил низ единствените скали во внатрешноста на куќата и затоа децата не можеле да излезат од куќата. Неколку соседи поставиле продолжени скали до спалната соба на горниот кат, но не можеле да ги извлечат децата.
Полицијата соопшти дека телата на петте деца биле во истата спална соба на катот од домот. Шефот на полицијата на Булхед, Роберт Требес, изјави дека инспекторите неуморно работат за да добијат одговори за причините за пожарот, пишува „Sky News“.
Несреќните деца се внуци на вработени во противпожарната служба на градот Булхед.