Се урна дел од зграда во центарот на Сисак, двајца работници се повредени

Се-урна-дел-од-зграда-во-центарот-на-Сисак-двајца.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Сисак се урна дел од зграда која е во фаза на реконструкција по земјотресот.


Повредени се двајца работници, од кои едниот потешко. Командантот на пожарникарите во Сисак, Мирослав Голуб, за РТЛ потврди дека излегле да интервенираат и дека операцијата е во тек.

Станува збор за ѕидот на куќата на Тушкан на плоштадот Бан Јосип Јелачиќ, кој е заштитен споменик на културата.

Истрагата е во тек.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK